Добредојдовте на Yur Mobile Република Македонија на www.mk.yurmobile.com („веб-страница“). Ве молиме внимателно прочитајте ги овие Општи услови („Услови“). Овој документ на локалниот јазик е превод од оригиналниот документ на англиски јазик и Ви го обезбедуваме како знак на внимание. Во случај на несогласувања помеѓу преведениот документ и оригиналниот документ во случај на каков било спор, оригиналниот документ ќе биде меродавен. Доколку не се согласувате со овие услови, Ве советуваме да ја прекинете регистрацијата на оваа веб-страница или обидите да пристапите до и да ги користите услугите опфатени со овие услови. Во спротивно, прифаќате да ги користите услугите под условите утврдени во овој Договор. Овие услови може повремено да подлежат на промени, и таквите промени ќе се вршат во согласност со овие услови. Ве молиме редовно проверувајте ја оваа веб-страница за известувања за сите такви промени.
1. Опис и видови на услуги
Yur Mobile Република Македонија („Компанија„ „ние“) разви голем избор на содржински производи за забава на Вашиот мобилен телефон кои може да се преземаат, преку обичен и преку безжичен интернет, како што се, но не и ограничено на, мелодии, игри, позадини и СМС-услуги (со заедничко име „Услуги“) на одредени компатибилни мобилни уреди.
Услугите кои се Ви достапни подлежат на овие услови. услугите ќе вклучуваат пристап до информации, податоци, текст, софтвер, музика, звук, фотографии, графики, видео, пораки и други материјали. услугите не подлежат на данок, сметководствено и правно мислење, мислење во врска со погодноста или профитабилноста на какви било хартии од вредност или инвестиции, здравствено или медицинско мислење, или какво било друго мислење од лична или приватна природа. услугите може да вклучуваат и пристап до содржина и услуги на независни трети страни. По соодветна регистрација и наплата, ќе Ви биде дозволено да ги преземате или поинаку да ги користите услугите преку компатибилни мобилни телефони или други компатибилни уреди. Компанијата ги нуди своите услуги (а) преку модел на тековна претплата (б) како кредитен модел со кој се нуди пакет на кредити за одреден број на поединечни преземања врз основа на обновлива (периодична) претплата и (в) преку еднократен (поединечен) модел на купување. Некои од моделите може да не се достапни во Вашата земја. Поконкретни информации во однос на услугите кои се нудат во Вашата земја се достапни на веб-страницата. Освен доколку е поинаку изречно назначено, информациите прикажани во услугите или во врска со услугите не се сметаат за обврзувачка понуда на компанијата, туку за покана за нарачување на услугите. Компанијата има право да ги обезбедува услугите на начинот кој го смета за најсоодветен, и ќе се обиде да обезбеди дека услугите го задржуваат стандардот пропишан со овие услови. Согласно Вашето право на надомест во согласност со овие услови, компанијата го задржува правото да ги менува или прекине, привремено или трајно, услугите кои Ви се обезбедуваат. Доколку трајно ги прекинеме услугите, ќе Ве известиме за истото.
2. Регистрација и општ пристап до услугите
Потребно е да имате осумнаесет години за да се претплатите на кои било од услугите. Доколку Вие не сте одговорни за плаќањето на сметката за интернет или мобилен телефон, или доколку имате помалку од осумнаесет години, Ве молиме побарајте дозвола од лицето кое ја плаќа сметката, родител, старател и/или работодавач пред да се претплатите на и/или да учествувате во услугите. Со претплатата на и/или учеството во услугите, (1) прифаќате и се согласувате дека, кога е потребно, сте добиле соодветна дозвола, согласност или одобрување од лицето кое ја плаќа сметката, родителот, старателот или работодавецот и (2) се согласувате дека Ви била понудена можност да ги прочитате и прифатите условите пред да ги користите услугите. Доколку не се согласувате; не ги користете услугите. Кога се регистрирате за и/или ги користите услугите, прифаќате и потврдувате дека сте ги прифатиле тие услови и дека се придржувате до условите кои се однесуваат на Вашата ситуација, како што е погоре наведено. Се согласувате дека секое лице кое ги бара таквите услуги е Ваш застапник со целосно овластување да постапува во Ваше име во однос на таквите услуги. Освен доколку е поинаку изречно истакнато, какви било нови или дополнителни функции кои ги прошируваат или подобруваат постојните Услуги, вклучувајќи воведување на нови Услуги, се уредени со овие услови.
3. Обврска за регистрација; лични податоци
На Ваше барање, компанијата може да Ве регистрира како корисник и да Ви обезбеди пристап до услугите со доделување на корисничко име и лозинка. Вие сте единствено одговорен за чувањето на тајноста на корисничкото име и лозинката. Компанијата може да ги промени корисничките имиња доделени за одредени аспекти на услугите и го задржува правото да го стори тоа (ќе бидете известени доколку тоа е неопходно). За да се гарантира безбедно користење на услугите, како и плаќање на применливите тарифи, ќе гарантирате дека во секое време личните податоци (во натамошниот текст „Лични податоци“) доставени во образецот за регистрација се точни и целосни. Доколку компанијата, по сопствено видување, смета дека личните податоци се неточни и нецелосни, компанијата има право да ја суспендира или прекине Вашата сметка и да забрани постојно и идно користење на услугите или кој било дел од истите. Вие сте одговорни за чување на тајноста на кои било лозинки и/или сметки кои Ви се издадени од страна на компанијата, и во целост сте одговорни за сите активности извршени со користење на Вашата лозинка или сметка. Се обврзувате да ја известите компанијата доколку забележите или се сомневате дека постои неовластено користење на Вашата лозинка или сметка, или дека безбедноста или заштитата на личните податоци повеќе не може да се гарантира од која било друга причина. Компанијата не може и не се смета за одговорна за каква било загуба или штета како резултат на непочитувањето на овој дел. Компанијата може да Ви обезбеди пристап до некои услуги без да се регистрирате како корисник, како што е регистрација преку Вашиот мобилен телефон за услугите. Во секој случај, Вашата идентификација се темели на средствата за идентификација кои ги сметаме за соодветни, како што е Вашиот мобилен телефонски број. Се согласувате дека таквите информации може да се собираат и откриваат на компанијата, како и да се користат во согласност со делот од овие услови „Приватност и обработка на податоци“.
4. Пристап до моделот на тековна претплата
4.1
Моделот на тековна претплата започнува кога компанијата, на Ваше барање, Ви обезбедила пристап до услугите. Пристапот до услугите може да се обезбеди со испраќање на информативни или забавни услуги (пр. испраќање на текстуални пораки (пр. шеги, занимливости, квиз прашања) или содржина за преземање (како што се позадини, мелодии или мобилни игри)); со обезбедување на поинаков пристап до услугите (пр. со испраќање на WAP-Push линк во текстуална порака за преземање или поинакво користење на услугите на веб-страницата на компанијата). Сите договори за претплата остануваат на сила сè додека не бидат откажани и/и раскинати од Вас или од страна на компанијата во согласност со условите наведени тука. Договорите за услугите на компанијата и независни трети страни кои се достапни преку услугите започнуваат кога компанијата или третата страна ја прифатиле Вашата нарачка на истите или Ви ги обезбедиле услугите во согласност со Вашата нарачка. Договорот останува на сила сè додека не биде раскинат од Вас или од страна на компанијата во согласност со условите наведени тука.
5. Пристап до кредитниот модел
Во кредитниот модел понуден од страна на компанијата се нуди пакет на кредити за дефиниран број на поединечни преземања врз основа на обновлива претплата. Кредитниот модел е тековна претплата и започнува кога компанијата ќе Ви обезбеди пакет на кредити. Ќе бидете известени за применливите тарифи и кредити на веб-страницата или преку нашите услуги. Во кредитниот модел, ќе Ви биде обезбеден дефиниран број на кредити за преземање, примање и/или пристап до таквиот дефиниран број на достапни преземања. Периодот на претплата зависи од видот на понудениот договор за претплата во Вашата земја. Договорот за претплата и периодот на претплата ќе се обновуваат за секој период, како што е применливо, и ќе подлежат на нова тарифа за претплата за секој нов период на претплата. Договорот за претплата останува на сила сè додека не биде раскинат и/или откажан од Вас или од страна на компанијата во согласност со условите утврдени тука. По склучувањето на Вашиот договор за претплата и по плаќањето на применливата тарифа за претплата за соодветниот период на претплата, компанијата ќе го пренесе пакетот на кредити за преземање на Вашата сметка. Периодичната тарифа за претплата се наплатува за секој период за кој важи Вашата претплата, независно дали всушност сте презеле некакви услуги во текот на одреден период на претплата; периодичната тарифа за претплата се темели на периодично обезбедување на правото за преземање, примање и/или пристап до услуги кои можат да се преземаат. Бројот на кредити за преземање се намалува за бројот на услуги кои се преземени. Кредитите не може да се заменат за пари, не се преносливи и зависат од видот на договорот за претплата кој сте го нарачале. Доколку не ги употребите сите кредити до истекот на периодот на претплата, неискористените кредити (а) ќе бидат пренесени во следниот период на претплата и ќе останат на Вашата сметка сè додека не се искористат или до истекот или раскинувањето на Вашиот договор за претплата или, доколку е поскоро, (б) ќе истекуваат на секои 90 дена по доделувањето. Кредитите може единствено да се користат за преземање на услугите кои ги нуди компанијата.
6. Пристап до моделот на еднократно (поединечно) купување
Моделот на еднократно (поединечно) купување Ви овозможува да изберете една од услугите која би сакале да ја купите. Можноста за преземање, примање и/или пристап до услугите се нуди по фиксна тарифа, како што е наведено на нашата веб-страница или на друг начин. Тој не вклучува претплата и повторливи надоместоци.
7. Надоместоци
Тарифите за услугите се достапни на веб-страницата на компанијата. Периодичната тарифа се наплатува за секој период на претплата за кој важи договорот. Должни сте да ѝ платите на компанијата за услугите и нивното користење во согласност со ценовникот кој е на сила во времето кога ја вршите нарачката. Освен доколку е поинаку назначено, тарифите ќе се наплатуваат на Вашата сметка за безжичен телефон или ќе се одбиваат од Вашето салдо. Дополнителни такси и посебни тарифи за проток на текстуални пораки/WAP/GPRS/3G на давател на безжични услуги може да се применат при Вашето користење на услугите. Кога е применливо, надоместоците може да се плаќаат и со користење на кредити, со Вашата кредитна картичка, со банкарски трансфер или преку Вашата корисничка сметка. Различните методи на плаќање се утврдуваат во текот на процесот на нарачка на услугите кои сте ги избрале. Компанијата може да Ви ги наплати и надоместоците на трети лица чии услуги се достапни преку услугите, доколку тоа е договорено со споменатите трети страни. Таквите надоместоци се наплатуваат во согласност со тарифите на таквите трети страни. Сите тарифи, вклучувајќи ги и тарифите за постојни договори за претплата, подлежат на промени по дадено известување од страна на компанијата. Компанијата навремено ќе Ве извести за таквите промени. Доколку не ги прифаќате новите тарифи (кои ќе се применуваат единствено од моментот на носење натаму), можете да ја откажете Вашата претплата и/или Вашата сметка, а откажувањето ќе влезе во сила веднаш по раскинувањето.
8. Ваши одговорности
За да ги користите услугите, мора да имате претплата на мобилна комуникација со давател на безжични услуги кој учествува во услугите или поинаков пристап до (мобилна) комуникациска мрежа за која компанијата ги доставува услугите, вклучувајќи пристап до услуги на давател на безжични услуги потребни за преземање на содржина и/или прием на СМС-пораки, и да извршите плаќање на сите тарифи за услуги (на давател на безжични услуги) поврзани со таквиот пристап. Мора да имате функционална интернет-врска инсталирана на Вашиот мобилен телефон (пр. WAP, GPRS, UMTS). Вашиот мобилен телефон мора да има опција за прием на текстуални пораки, мелодии, мобилни игри, видео и/или графика во боја. Покрај тоа, Вашиот мобилен телефон мора да има интернет за да може да презема мелодии, мобилни игри, видеа, графика во боја или други услуги кои се преземаат. Компанијата нема да врши рефундирање доколку преземате или се обидете да преземате услуги на некомпатибилни телефони или даватели на безжични услуги, или доколку Вашиот мобилен телефон нема интернет. За упатства, посетете ја веб-страницата на давателот на безжични услуги или веб-страницата на производителот на Вашиот телефон. Покрај тоа, мора да ја имате опремата и софтверот неопходни за поврзување со услугите. Имате одговорност да обезбедите дека опремата и/или софтверот не го попречуваат и/или нарушуваат работењето на компанијата. Компанијата има право веднаш да ја исклучи од услугите секоја опрема или софтвер кој предизвикува попречување и веднаш да го раскине Договорот. услугите се единствено за професионална намена и не може да се пренесуваат или отстапуваат на кој било друг мобилен телефонски број, лице или субјект, ниту пак смеете да му овозможите на кое било друго лице пристап до Вашите услуги, директно или индиректно. Какво било однесување или активност за кои сметаме дека ограничуваат или попречуваат кој било друг корисник во пристапот, користењето или уживањето на услугите е забрането. Се согласувате да ги користите услугите единствено за законски дозволени цели.
9. права на интелектуална сопственост
Освен каде што е поинаку наведено тука, правата на и интересот во која било интелектуална сопственост, сопственички права или други права поврзани со нематеријална сопственост кои се користат, развиваат, претставуваат составен дел од или се опфатени од, или се применуваат во врска со кои било од услугите („Права на интелектуална сопственост на компанијата“) се во сопственост на компанијата или нејзините даватели на лиценци и се согласувате дека нема да полагате право на интерес во или сопственост на таквите права на интелектуална сопственост на компанијата. Компанијата со ова одобрува, и Вие прифаќате, лична, ограничена, непренослива, не- ексклузивна, отповиклива и неотстаплива лиценца и дозвола за преземање и користење на услугите на назначен компатибилен мобилен уред единствено за Ваша лична, некомерцијална употреба. Понатаму, се согласувате и прифаќате дека не смеете да ги менувате, давате и земате под закуп, давате и земате на заем, продавате, дистрибуирате, креирате или генерирате услугите и/или правата на интелектуална сопственост на компанијата, освен во случај кога компанијата Ви дала изречна или имплицирана писмена дозвола за тоа. Прифаќате дека не Ви се пренесува никаква сопственост на правата на интелектуална сопственост на компанијата, и дека не добивате какви било права, изречни или имплицирани, на услугите, освен правата кои Ви се изречно доделени во овие услови. Прифаќате дека сите марки кои се јавуваат во услугите припаѓаат на компанијата, или на соодветните сопственици на таквите марки, и дека истите се заштитени со домашни и меѓународни закони за трговски марки и авторски права. Какво било користење на марките кои се јавуваат во услугите без изречна писмена согласност на компанијата или на сопственикот на марката, како што е соодветно, е строго забрането. Yur Mobile Република Македонија е трговка марка на компанијата. Услугите може да се преземат само еднаш и не смеат да се пренесуваат, продаваат, дистрибуираат, прикажуваат, изведуваат, копираат, менуваат или користат на каков било начин, во дел или целосно, освен како што е предвидено со овие услови. Гарантирате дека ќе го користите единствено интерфејсот обезбеден од компанијата за пристап до услугите. Се согласувате дека имателите на права, кои ѝ даваат дозвола на компанијата за користење на нивните музички и други содржини во услугите, се опфатени во таа смисла од опсегот на заштита на овој Договор, и дека и тие се овластени да ги спроведуваат одредбите од овој Договор кои директно се однесуваат на нивната содржина. Знаете дека користењето на музички дела е предмет на условите за користење наведени подолу. Не смеете да ѝ дозволите на трета страна да ги копира, менува, репродуцира, пренесува, дистрибуира или користи на каков било начин музичките дела кои Вие ги користите или добивате, надвор од тесните границите кои ги дозволуваат авторските права. Се обврзувате веднаш да ја известите компанијата за секаква неовластена употреба. Сите права, кои не Ви се изречно доделени со овој Договор, ги задржува компанијата и/или нејзините даватели на лиценца.
10. Договори за услуги на трети страни/трансакции со огласувачи и/или спонзори
Услугите може да вклучуваат пристап до услугите на независни трети страни, директно или преку линкови до страници управувани од такви трети страни. Онаму каде што е разумно можно, компанијата ќе назначи дека услугите се содржина на трета страна. Иако тие може да претставуваат заеднички бренд со компанијата и оттаму да ги содржат и трговските марки на компанијата, договорите за услуги обезбедени од трети страни се склучуваат помеѓу Вас и третата страна. Може да користиме и огласувачи и промотори во насока на израмнување на трошоците на нашите услугите. Како услов за користење на овие услуги, се согласувате дека можеме да прикажуваме реклами и други промоции на нашата веб-страница и да испорачуваме реклами и промоции во врска со нашите услуги. Исто така се согласувате дека нема да се обидете да ги блокирате или поинаку да ги попречите таквите реклами или промоции. Некои јурисдикции не ни дозволуваат да испраќаме текстуални пораки со реклами без Ваша изречна согласност, во кој случај горенаведеното не се однесува на Вас. Нема да ги откриваме Вашите лични податоци на трети страни без Ваша согласност. Вклучувањето на какви било реклами или промоции на нашата веб-страница или во нашите услуги не претставува прифаќање од страна на компанијата на таквата содржина, производ, услуга или компанија. Се обидуваме да обезбедиме дека сите реклами или промоции се соодветни за нашите корисници. Имате право да побарате од нас во секое време да не Ви се обраќаме заради потребите на директен маркетинг. Компанијата нема да биде страна на, или на какво било начин одговорна за, каква било трансакција во однос на услугите обезбедени од такви трети страни или за каква било содржина или информации дадени во врска со кои било услуги на трети страни.